Почина 46-годишна затвореничка во КПД Идризово

Во КПД Идризово ноќеска починала 46-годишна затвореничка, родум од Србија, потврди директорот на затворот Живко Пејковски.

Починатата била осудена на 7 години и 11 месеци пoради посредување со проституција со малолетни лица, а во КПД Идризово била на издржување на казната од февруари, 2012 година.

На жената ѝ се слошило и била повикана Брза помош, но кога стигнале лекарите само ја констатирале смртта.

Директорот Пејковски негира дека и овој случај е резултат на лошите здравствени услови во затворите и тоа што во попладневните и ноќните часови нема лекар.
„Ова е петти случај од почетокот на годината, но Македонија сè уште се движи во рамките на европскиот просек, кој е 9,9 починати на 1000 лица. Починатата долго време беше носена по клиники и имаше долга историја на болести. Имаше респираторни проблеми, напади на жолчката. Но, вистинските причини за смртта ќе ги даде обдукцијата.“

Директорот Пројковски потврди дека денеска по објавување на веста во медиумите биле посетени од канцеларијата на народниот правобранител.
По констатирањето на смртта на затвореничката, случајот веднаш бил пријавен во полиција, а потоа и обвинител извршил увид.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Хроника

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Read more

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе