Почина Фонтен, рекордерот по голови на еден Мундијал

Филип Здравески
/ 01.03.2023 / 11:58

Најдобриот стрелец на Мундијалот 1958 во Шведска, Французинот Жист Фонтен, почина денеска во 89-тата година од животот.

Фонтен во 6 натпревари на Светското првенство во 1958 година во Шведска, единственото играно во Скандинавија, постигна дури 13 голови - рекорд што до ден денес никој на успеал да го собори. Со своите голови тогаш го засени и младиот виртуоз Пеле и неверојатниот Бразил кој за прв пат стана светски шампион.

Овој легендарен француски фудбалер иако настапи на само еден Мундијал дури до 1974 беше водечки на вечната листа на стрелци на Мундијалите, бидејќи и оние кои играа на повеќе Мундијали не можеа севкупно да постигнат повеќе голови од него. Конечно, тоа му успеа на Герд Милер кога го надмина на вечната листа со вкупно 14 голови, постигнати на Мундијалите во 1970 и 1974.

Фонтен на Мундијалот 1958

Иако 9 години беше репрезентативец на Франција, Фонтен одигра само 21 натпревар поради тоа што често беше повреден. Остана неговиот неверојатен просек на голови, со оглед на тоа што постигна 30 во националниот тим.

Нажалост мораше да се пензионира на само 28 години поради повредата која цело време му се обновуваше. На клупски план играше за Казабланка, Ница и Рамс. На вкупно 284 натпревари во сите конкуренции постигна 258 голови. За него Пеле велеше дека е еден од најдобрите фудбалери што некогаш истрчале на терен.

Беше роден на 18 август 1933 година во Маракеш, тогаш Француски Мароко, од татко Французин и мајка Шпанка. Почина во Тулуз.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more
 

Спорт

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе