Почина италијанскиот актер Бад Спенсер

Познатиот италијански комичар, филмски продуцент и повеќекратен шампион на Италија во пливање. Карло Педерсоли, познат на пошироката јавност и повозрасните генерации како Бад Спенсер, почина во понеделникот вечерта во Рим во 87-та година од животот.

Италијанските медиуми ја објавија веста за смртта на актерот со насловите „нежниот гигант на филмот“ и „херојот на шпагети вестернот“. 

Последен пат Бад Спенсер за појави на телевизија во 2010 година на Canal 5, и кога минатата година градоначалникот на неговиот роден Неапол му ги врачи медалот и плакетата на градот за неговата долгогодишна кариера.

„Татко ми почина спокојно, не патеше, сите бевме со негово тој момент. Неговите последни зборови беа ’благодарам’“, изјави за италијанските медиуми најстариот син на актерот Џузепе Педерсоли.

Идниот актер се родил на 31-ви октомври 1929 година во Неапол. Уште од најраното детство се занимавал со пливање, но титулите ги освојува подоцна. Карло Педерсоли сакал да го продолжи високото образование на хемискиот факултет на универзитетот во Рим, но во тоа го попречува селењето на семејството во Латинска Америка.

Во татковината се враќа во 1948 година, и во Рим се запишува на правниот факултет. Продолжува активно да се занимава со спортот и набрзо станува шампион на Италија во краул и во слободен стил.

Карло е првиот Италијанец кој испливал под една минута 100 метри. Седум години по ред е италијански првак, учесник е на Олимписките игри во 1952 година во Хелсинки, во 1956 во Мелбурн и 1960 година во Рим.

Токму постојано тренирајќи во базенот Карло Педерсоли се запознава со својот иден постојан партнер во филмовите Марио Џироти, кој подоцна станува славен под псевдонимот Теренс Хил.

Кариерата на големото платно Педерсоли ја започнува во 1951 година, кога се појавува во мала улога на римски легионер во филмот на американскиот режисер Мервин Лерој „Quo Vadis“. Во1964 година Карло отвора свое мало студио, за кое снима неколку документарни филмови за животните за италијанската државна телевизија RAI.

Веќе во 1967 година конечно успева да настапи во сериозен филм, во жанрот вестерн – „Бог проштева, јас не!“.Тогаш на снимањето повторно го среќава Џироти, кој само што одлучил да го земе уметничкото име. Наскоро и Педерсоли станува Бад Спенер, земајќи го дел од името на неговиот омилен актер Трејси Спенсер.

Кон крајот на 1960-те во кината станува особено популарен жанрот кој подоцна е нарекуван „шпагети вестерн“. Во овој жанр Бад Спенсер и Теренс Хил снимаат дури 18 филмови, доловувајќи во нив специфична атмосфера на забава, комедија со многу тепачки и акробации. Токму поради тие филмови двајцата актери станаа омилени кај милиони гледачи ширум светот.

Веќе во зрелата возраст Бад Спенсер реши да влезе во политиката, а во 2005 година учествуваше на регионалните избори во областа Лацио на италијанската престолнина, како кандидат на сега поранешниот премиер Силвио Берлускони. Сепак на познатиот актер во политиката „не му тргна“, а во 2013 година активно ја поддржуваше својата ќерка Кристина на локалните избори во Рим.

Во текот на целиот свој живот тој пројавуваше и љубов кон музиката, а во 1970-те години го привлекуваше и пилотирањето со хеликоптери. Во 2010 година ја објави биографската книга.

 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Филм & ТВ

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе