Почина првиот фудбалер што настапи на 5 Светски првенства

Макфакс/Кајгана
/ 10.05.2023 / 15:20

Мексиканецот Антонио Карбахал почина на 93-годишна возраст. Познат меѓу навивачите во Мексико како Ел Синко (поради неговите 5 Светски првенства). Подоцна неговиот подвиг успеаја да го повторат уште само четворица играчи, од кои тројца на последниот Мундијал во Катар.

Антонио Феликс Карбахал Родригес играше на Светските првенства во Бразил 1950 година, Швајцарија 1954, Шведска 1958, Чиле 1962 и Англија 1966.

Рекордот како единствен таков играч го држеше сѐ до појавувањето на Лотар Матеус, чие Светско првенство во Франција во 1998 година беше петто во неговата кариера настапувајќи за Германија.

Легендарниот Мексиканец одигра 48 натпревари за „Ел Три“, од кои 11 мундијалски, а на клупски план запиша 409 настапа.

Воедно, Карбахал беше последниот жив од сите фудбалери што играа на Мундијалот во 1950 година.

URL

Поголемиот дел од својата кариера го помина во мексиканскиот клуб Леон, за кого забележа 364 настапи во текот на 16 години. Играше и за Клуб Еспања.

„Дон Антонио, легендите никогаш не умираат“, е пораката на неговиот клуб Леон.

URL

Освен Карбахал, само четворица други играчи во историјата на фудбалот играле на 5 Светски првенства, а од нив двајца се негови сонародници - Мексиканци.

По Матеус (1982, 1986, 1990, 1994, 1998), ова достигнување го повторија Рафаел Маркес (2002, 2006, 2010, 2014 и 2018) и Андрес Гуардадо (2006, 2010, 2014, 2018 и 2022) во дресот на Мексико, како и Лионел Меси (2006, 2010, 2014, 2018 и 2022) и Кристијано Роналдо (2006, 2010, 2014, 2018 и 2022).

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе