Денеска почина поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.
Берлускони почина во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, јавуваат светските медиуми.
Поранешниот премиер на Италија и долгогодишен газда на фудбалскиот клуб Милан беше хоспитализиран минатиот петок за да направи планирани тестови поврзани со хроничната миеломоноцитна леукемија, од која боледува веќе извесно време.
Братот на Берлускони, Паоло, и неговата ќерка Марина пристигнаа во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано.
Имаше 86 години.
Последниве години беше на чело на Монца, која успешно ја внесе во Серија А и сезонава избори опстанок.