Почнува одбележувањето 79 години од депортацијата на македонските Евреи

Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ) со повеќе комеморативни настани во Скопје, Битола и Штип, од денеска до 14 март ќе одбележат 79 години од холокаустот на 7.144 македонски Евреи, кои на 11 март 1943 година биле собрани од нивните домови и потоа депортирани во логорот на смртта Треблинка.

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија денеска од 19:30 часот ќе се одржи комеморативна вечер на која, како што најави Еврејската заедница, обраќања ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски и амбасадорите на Израел и САД во земјава, Симона Франкел и Кејт Мари Брнз, а видеообраќање ќе има и Ендрју Бејкер, директор за меѓународни еврејски работи во Американскиот еврејски комитет и претседател на Меѓународниот советодавен совет на ФХЕМ.

На комеморативната вечер ќе настапи гудачко трио и ќе биде отворена изложбата „Живот“ посветена на преживеаните Евреи кои ја возобновиле заедницата и придонеле во градењето на повоената држава.

Комеморативните настани ќе продолжат утре, 11 март, кога делегации од Еврејската заедница, претставници на Владата, дипломатскиот кор, невладиниот сектор, пријатели на заедницата и граѓани ќе положат цвеќе пред Споменикот на 7.144 македонски Евреи во некогашниот скопски Монопол, кој бил привремен концентрационен логор, и пред Споменикот на депортираните Евреи и Споменикот на паднатите борци во НОБ на Градските гробишта Бутел. Централните комеморативни активности утре ќе завршат со прием кај градоначалничката на Скопје, Данела Арсова.

Амбасадата на Италија во соработка со Еврејската заедница во Република Македонија на 14 март ќе организира комеморативен онлајн-настан, на кој ќе се обрати Џулио Базе, режисер на филмот „Un cielo stellato sopra il ghetto di Roma“ (Ѕвездено небо над гетото во Рим). Филмот се прикажува во Кинотеката од 9 до 14 март.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more
 

Вести

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе