УЕФА ЕУРО 2020

Почнуваат елиминациите на ЕУРО, отвораат Бејл против Шмајхел

Филип Здравески
/ 26.06.2021 / 11:16

Денеска продолжуваат возбудувањата на шестнаесеттото Европско првенство каде почнува нокаут-фазата, а први лентата ќе ја пресечат Велс и Данска, додека вечерва игра и големиот фаворит Италија.

Бејл му даде гол на Шмајхел на последното нивно репрезентативно соочување, но тогаш во 2018 во Кардиф Данска победи со 2:1 во рамките на Лигата на нации
Велс - Данска

Од 18 часот на „Јохан Крој АренА“ во Амстердам пласман во четвртфиналето ќе бркаат Велс и Данска, репрезентации кои завршија како второпласирани во своите групи.

Интересно е тоа што помеѓу стативите кај двете репрезентации ќе бидат клупски колеги од Лестер. Кај Данците брани Каспер Шмајхел, син на легендарниот Петер Шмајхел, додека за Велс на голот е Дени Вард, кој пак му е резерва на Шмајхел во премиерлигашот Лестер.

„Ќе се соочиме со голман со врвен квалитет. Ако сте го гледале како игра, ќе знаете дека ги поседува сите потребни квалитети. Тој е комплетен голман, и многу смирен. Секој пат кога сум го гледал како брани, било во клуб или интернационално, бранел фантастично“, со низа пофални зборови Шмајхел ја опиша својата резерва Вард, денес противник.

Но, нема само тие двајца да бидат клупски колеги кои ќе играат еден против друг. Таков е случајот и со играчите на Тотенхем, Гарет Бејл и Пјер-Емил Хејбјерг.

„Постојат малкумина играчи кои го имаат направено она што тој го направи изминативе 10 години. Постигна над 100 голови за Реал Мадрид. Тој е класа играч, фантастичен лик и лидер. Тој е еден од најдобрите со кои сум играл и знам колку му значат Велс и националниот тим“, вели за Гарет Бејл данскиот играч од средината.

Натпреварот помеѓу Велс и Данска ќе го суди германскиот арбитар Даниел Зиберт.

Италија - Австрија

Денот ќе се затвори со вечерниот дуел на еден од главните фаворите за пехарот и досега најимпресивна репрезентација на првенството, Италија, која ќе се соочи со репрезентацијата против која Македонија дебитираше на ЕУРО, Австрија.

„Аѕурите“ важат за апсолутни фаворити и сѐ освен победа во регуларните 90 минути ќе биде изненадување. Натпреварот е со почеток од 21 часот, или 20 по локално бидејќи се игра на „Вембли“ во Лондон.

„Играме на она што за мене е најдобриот стадион во светот. Ќе играме пред 25.000 навивачи и тоа ни значи. Убаво е и ќе создава различна атмосфера: во Рим создадовме нешто посебно. 'Вембли' е фантастичен стадион на кој има одлична атмосфера. Среќни сме што сме тука“, вели италијанскиот селектор Роберто Манчини.

Манчини на „Вембли“

За фаворитската улога на Италијанците и тоа како е свесен австрискиот капитен Дејвид Алаба: „Би било неверојатно доколку стигнеме до четвртфиналето во Минхен. Не би можеле да си поверуваме - би било остварување на уште еден сон. Но, не мислиме на тоа, фокусирани сме само на натпреварот“.

Сонот на Австрија на ова Европско првенство беше да ја оствари првата победа бидејќи во досегашните два настапа никогаш Австријците се немаа израдувано на победа. Нѐ победија нас со 3:1, а потоа дури и по втор пат се израдуваа откако ја победија Украина 1:0 и заврпија втори во групата. Сонот за прва победа потоа се претвори во сон за пласман во нокаут-фазата, а сега е пораснат и гласи: пласман во четвртфиналето.

Но, противникот е апсолутен фаворит. Италија во групата ги прегази своите противници: прво Турција со 3:0, потоа Швајцарија со истиот резултат, за во последното коло на Велс да му пушти комбиниран тим која исто така оствари победа, со минимални 1:0. Прво место во групата и тоа без примен гол.

Натпреварот во Лондон ќе го суди познатиот англиски судија Ентони Тејлор.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе