Едно од најомилените зимски јадења е секако подварокот. Но, сте го пробале ли направен на германски начин? Еве шанса.
Од почеток да напоменеме дека ова не е брз рецепт. Си бара време, и освен доколку не сте слободни, во работен ден нема да можете да го направите. Затоа, пак, е одлично решение за викенд кога целото семејтсво ќе биде на трпезата.
Потребни состојки:
(за 4 особи)
- 1 кг кисела зелка
- 400 гр суво месо
- 200 гр суви сливи
- 2 главици кромид
- 5 чешниња лук
- 2 дл сончогледово масло
- 3 листови ловор
- сол
- бибер
Подготовка:
Кромидот и лукот исечкајте ги ситно и во голема тава (или тенџере) пржете ги во масло на умерена температура, додека не омекнат. Потоа додатете измиени цели суви сливи, листови ловор и бибер во зрно. Пржете неколку минути со редовно мешање. Зелката исцедете ја, доколку е многу солена измијте ја, а потоа ставете ја кај сливите, лукот и кромидот и пржете 10 минути, мешајќи цело време. Додадете суво месо, па сето тоа префрлете го во подлабоко тавче или земјен или огноотпорен сад. Посолете доколку има потреба, во зависност од тоа колку е солена зелката што сте ја употребиле. Ставете околу 4 децилитри вода, прекријте со фолија и печете час и пол на 180 степени. Потоа тргнете ја фолијата или капакот и печете уште 45 минути.