Поглед во најопасната градина во светот: Овие растенија можат да убијат

Зад заклучените порти на градината во Аник, водичите ги откриваат митовите, легендите и научните факти за смртоносните растенија.

На влезот во прекрасната и бујна градина во англиската област Нортамберленд ќе видите јасен знак: на црната порта има две табли со препознатливиот симбол за отров - човечки череп пред вкрстените коски - и зборовите: „Овие растенија можат да убијат“.

Кога ќе влезете во градината, што нема да ви биде дозволено да го направите без водич, ќе имате можност да видите околу 100 озлогласени растенија убијци, а вашиот водич ќе биде загрижен за вашата безбедност и постојано ќе ве потсетува да не допирате или мирисате било кое од нив.

Основање

Откако братот на нејзиниот сопруг ненадејно починал во 1995 година, Џејн Перси станала војвотката од Нортамберленд, округ во североисточниот дел на Англија. Заедно со титулата го добила и замокот во Аник (изворно Alnwick, но се изговара Аник), а набрзо откако се вселила во ова здание сопругот ја замолил да смисли план за уредување на градината.

„Мислам дека тој си помисли: 'Тоа ќе ја замолкне, таа само ќе засади неколку рози и тоа ќе биде сѐ', раскажува Џејн. Сепак, таа направила многу, многу повеќе...

Веќе во 1996 година го ангажирала познатиот пејсажен архитект Жак Вирц. Дваесет години подоцна, градината во Аник зафаќа повеќе од 5 и пол хектари и ја посетуваат повеќе од 600.000 луѓе годишно, што ја прави најпопуларна туристичка атракција во округот.

Џејн знаела дека ако сака да направи нешто што ќе стане туристичка атракција, а не само украс зад куќата, треба да направи нешто сосема друго. Најпрво размислувала да направи „лековита“ градина, но откако ја посетила познатата градина на семејството Медичи, решила во нејзината градина да се одгледуваат растенија кои убиваат наместо што лекуваат. Сметала дека тоа е добар начин децата да се заинтересираат за ботаниката бидејќи, според неа, најмладите не ги интересира од што се направени лековите.

Едно од омилените растенија на војвотката во градината денес е Brugmansia, прекрасно цвеќе, чии сите делови се отровни, а познато е дека предизвикува парализа на мазните мускули, мигрена, дијареа, сува уста, визуелни и слушни халуцинации, мидријаза, циклоплегија и смрт.

Тука се и Strychnos nux vomica, морски коноп (рицинус), буцумис (шипки, див пенар), афион (мак), канабис, кока...

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Вести

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Read more

Нова теорија за тоа што ја предизвика имплозијата на подморницата Титан на пат до потонатиот Титаник

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Read more
 

Гик

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Читај повеќе

Научниците открија нова функција на малиот мозок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нова теорија за тоа што ја предизвика имплозијата на подморницата Титан на пат до потонатиот Титаник

Читај повеќе

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Читај повеќе

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Читај повеќе

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Читај повеќе