На Comic Con настанот во Сан Диего, Марвел го објави првиот трејлер за новиот филм „Black Panther: Wakanda Forever“.
Од трејлерот се гледа враќањето на многу ликови кои ги толкуваат Лупита Нјонго, Анџела Басет, Винстон Дјук и други, овој пат без ѕвездата Чедвик Босман кој почина по борбата со рак во 2020 година, на возраст од 43 години.
„Јас сум кралица на најмоќната нација во светот, а целото мое семејство е починато. Зар не дадов сè?“, вели во еден момент Рамонда, која ја толкува Анџела Басет.
Во нејзината изјава се крие најважната тема на новиот Marvel филм, кој е новиот Црн Пантер?
Сценаристот и режисер Рајан Куглер, кој го режираше и првото продолжение, проговори во текот на претставувањето на трејлерот за смртта на главната ѕвезда, Чедвик Босман.
„Ќе биде тешко да го следиме, но ќе се обидеме“, изјави тој.
Во продолжението ќе се појави и едно од омилените негативци на Marvel, Намор. Премиерата е закажана за 11 ноември.