Славната пејачка Адел го објави официјалниот спот за песната „Oh My God“, која е дел од нејзиниот најнов албум „30“.
Во спотот може да се видат повеќе верзии од Адел, која во придружба на танчари пее во просторија што потсетува на бар.
Реакциите на обожавателите се позитивни, повеќето не го кријат одушевувањето.
„Вистинска уметност“, „Ова е неверојатно“, „Совршена си“, се дел од коментарите.
Спотот за „Oh My God“ е втор од албумот „30“, нејзиниот прв спот за синглот „Easy On Me“ беше објавен во октомври.