Полански снима филм за погрешно обвинет човек: Гледам сличност со себеси

Првиот филм на режисерот Роман Полански во ерата на движењето #MeeToo зборува за човек кој се бори да си ја врати својата репутација. Главната улога во филмот„Обвинувам“ (J’accuse), ќе ја толкува францускиот актер Жан Дижарден, добитник на Оскар за филмот „The Artist“.

Филмот ја следи животната приказна на капетенот Алфред Драјфус, француски војник со европско потекло кој е обвинет дека е германски шпион. Неговото судење е еден од главните настани во Париз во 1890-тите години.

Ликот на Дижарден, полковникот Пикар преку филмската приказна ќе успее да докаже дека војникот всушност е погрешно обвинет, бидејќи е невин.

Снимањето на овој трилер со шпионски елементи е најавувано со години, првобитно под наслов „D“, меѓутоа неговото снимање беше повеќе пати одложувано. Филмот ќе се снима од 26 ноември до 7 март во Париз и околината.

85-годишниот Полански вели дека во оваа филмска приказна, за човек кој се бори да ја докаже својата невиност, всушност гледа сличност со својот живот.

„Во овој филм гледам елементи кои се слични со мојата животна приказна“, вели Полански.

Славниот режисер веќе со години е гонет од страна на американското правосудство поради силување на тинејџерка во 1977 година, па неговиот интерес за оваа приказна е очигледно од лична природа, бидејќи токму поради тој инцидент кариерата на режисерот награден со Оскар падна во сенка.

реклама

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Израелската претставничка исвиркана на генералната проба на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кипарската Шакира воодушеви со настапот во првата полуфинална вечер на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе