Полета човекот кој тврди дека Земјата е рамна

Со рачно направена ракета „Лудиот“ Мајк Хјуз проба да се лансира во вселената за еднаш и засекогаш на сите да им докаже дека Земјата е рамна. За жал, гравитацијата го врати онаму каде што припаѓа, доле на тлото.

Овој астронаут-аматер направи домашна ракета и во саботата на 24 март проба да се лансира во орбитата, но не стигна до таму, туку успеа да се дигне на нешто повеќе од 500 метри над Земјата.

За негова среќа, тој не беше повреден, иако во еден момент почна неконтролирано да паѓа бидејќи првиот падобран не беше доволно за да го забави падот. Тогаш отвори втор падобран и полека падна на тлото на пустината Мохаве, каде што се одржуваше овој настан.

Тој неколкупати претходно пробуваше да добие дозвола од властите за да се лансира во вселената, но не му беше дозволено бидејќи сакаше тоа да го направи на државно земјиште. Поради тоа, Хјуз мораше овој подвиг да го изведе во пустината Мохаве.

„Се изморив од луѓето кои ми кажуваа дека не можам да направам ракета. Навистина се изморив од тоа, па затоа собрав сили и ја направив ракетата и полетав со неа“, рече Хјуз по слетувањето.

Целиот лет траеше нешто повеќе од една минута, а 61-годишниот Хјуз патуваше со 560 километри на час пред да биде исфрлен од ракетата и да го отвори падобранот. По летот тој беше прегледан од медицинска екипа која не забележа посериозни повреди, иако напомена дека Хјуз во наредниот период ќе има болки во грбот.

„Дали верувам дека Земјата е во форма на фризби? Да, навистина верувам дека е. Дали знам со сигурност? Не. Баш поради тоа сакам да отидам во вселената и да докажам“, рече Хјуз.

Целиот лет беше снимен и ќе биде направен документарец за подвигот на бестрашниот Мајк Хјуз, кој потроши преку 20.000 долари за да ја направи неговата ракета.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Чек дис аут

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Read more

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе