Полицаец пукал со службениот пиштол на улица, па сакал да го прикрие настанот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – специјализирано одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Т.А., полициски службеник во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело предизвикување општа опасност по член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот на 29.6.2024, околу 6:20 часот, во својство на полициски службеник, напуштајќи го работното место, заминал на улицата Бетовенова, каде што се сретнал со едно лице по претходен договор за средба и во еден момент пријавениот Т.А. со службениот пиштол испукал неколкупати, со што предизвикал општа опасност за граѓаните во околината. Именуваниот полициски службеник не го пријавил настанот во СВР Струмица, повторно се вратил на работното место и по завршување на смената во СВР Струмица, се раздолжил со опремата и си заминал.

Пријавениот преку своите колеги, полициските службеници П. П. и С. Д., кои биле испратени од страна на СВР Струмица по поднесена пријава од страна на граѓанин за овој настан, се обидел да влијае за прикривање на настанот, што не било пријавено од нивна страна.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, во согласност со своите надлежности и овластувања, ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност против полицискиот службеник Т. А. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службеници П. П. и С. Д. ќе поднесе предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплината.

реклама

Симптом на рак на простата што мажите често го игнорираат

Read more

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more
Десетте најсимнувани филмови на неделата

Десетте најсимнувани филмови на неделата

Read more
Renault ja разоткри внатрешноста на целосно новото Clio

Renault ja разоткри внатрешноста на целосно новото Clio

Read more

Хроника

Го натерале да се запали, па избегале: 24-годишен скопјанец пренесен на Клиника

Read more

Поднесено обвинение за загрозување на сигурноста на новинарка, се барало од неа да избрише текст што го напишала

Read more

Тешка сообраќајка кај граничниот премин Богородица, загина 35-годишник

Read more

Падна дел од фасада на зграда во Аеродром

Read more
 

Вести

Каде исчезна Макрон?

Читај повеќе

Го натерале да се запали, па избегале: 24-годишен скопјанец пренесен на Клиника

Читај повеќе

Евакуиран Версајскиот дворец

Читај повеќе

Бугарија не асимилира само Македонци во Албанија, туку и други граѓани, вели Мицкоски

Читај повеќе

Љутков: Целата постапка на преземањето на Универзалната сала е проблематична

Читај повеќе

Путин: Треба да создадеме фер мултиполарен светски поредок

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција на улица, се протестира против десницата

Читај повеќе

Украинците забрзано развиваат евтино оружје што може суштински да ја промени војната

Читај повеќе

За 450 евра минимална плата ќе се разговара на првата седница на економско-социјалниот совет, најави министерот Дурмиши

Читај повеќе