Полицаец спаси дете во пад од трет кат
Неколку полицајци ангажирани да чуваат банка во египетскиот град Асута забележаа дека дете беспомошно виси од третиот кат на зградата во која се наоѓа банката.
Без колебање веднаш се фрлија во акција за спасување Прво се обидоа да рашират платно што им се најде при рака, но немаа доволно време за тоа.
Едниот од полицајците ги спружи рацете и го дочека детето во пад.
Детето воопшто не е повредено, а полицаецот кој го спаси помина со помали повреди во ублажувањето на падот.
Овој херојски чин беше снимен на камерите за обезбедување на зградата.