Полицијата ги учела насилниците како да свират, тврди сведок за „Насилство во Центар“

Скопје, 6 јуни 2018 (МИА) - Во новиот Кривичен суд денеска сос сослушување сведоци продолжи судењето за предметот „Насилство во Центар“ на СЈО.

На прашања на обвинителката Фатиме Фетаи одговараше Цветaнка Симоновска, советничка на СДСМ во општина Центар во периодот кога се случија насилствата во општинската барака.

Симоновска кажа дека за време на седница на Советот толпа луѓе извикувале погрдни зборови со закани кон советниците на СДСМ. Симоновска забележала дека кога и да прозборел претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ, советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова ѕвонела на мобилен телефон. Според сведокот, тоа било организиран напад, а целта била да се тргнат четирите точки на седницата на Советот за урбанистички планови во Центар.

За време на седницата толпата ги скршила прозорците при што  била повредена една советничка. Симоновска се присети дека демонстрантите имале две сирени кои не знаеле како да ги употребат, но со помош на полицијата тие успеале да ги активираат и да направат бука.

Слушале закани дека ќе бидат запалени и дека живи нема да излезат, како и други погрдни зборови.

Фетаи ја праша советниката што извикувала толпата, а Симоновска рече дека и е  срам да каже, но на инсистирање на обвинителката рече дека господинот кој ги спуштил пантолоните покажувајќи го половиот орган извикувал погрдни зборови.

Сведокот која е и инженер архитект, рече и дека ставањето вон сила на планот за малиот ринг во Центар не предвидувал уривање на црквата Св. Констанин и Елена.

Во предметот „Насилство во Центар“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.

Тие се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев, пак, се води одвоена постапка.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе