Politico: Токсични хемикали пронајдени во крвта на највисоките претставници на ЕУ

МАКФАКС
/ 01.02.2024 / 08:11

Еколошките невладини организации идентификуваа токсични „вечни хемикалии“ во крвта на највисоките претставници на Европската Унија.

Ова е направено како дел од кампањата за воведување европска забрана за хемикалии и покрај силното противење на индустријата, пренесува Politico.

Секој од 16-те политичари и јавни личности кои учествуваа во истрагата, вклучително и извршниот потпретседател на Европската комисија за дигитален развој и комесар за конкуренција Маргрет Вестагер, поранешен извршен потпретседател на Европската комисија за зелен план и комесар за заштита на климата, Франс Тајмерманс и европскиот комесар за животна средина Вирџинијус Синкевичиус, имал најмалку седум видови токсични PFAS (перфлуорирани и полифлуорирани алкилирани супстанции) хемикалии во неговата крв.

Во пет случаи, количината „го надминала применливиот безбедносен праг“ за тие хемикалии, пренесува медиумот.

Хемикалиите PFAS, кои се користат во секојдневните предмети како што се нелепливи тави и во производството на полупроводници и батерии, се поврзани со низа сериозни болести, вклучувајќи рак и неплодност.

Тие се познати и како „вечни хемикалии“ бидејќи не се разградуваат природно во околината, а се пронајдени во примероци од дождовница, почва и мајчино млеко.

„Она што го научив од ова е дека можете сами да правите многу работи, но тоа не е доволно“, изјави Маргрет Вестагер за Politico, додавајќи дека 30 години се обидува да ги избегне токсичните хемикалии во козметиката.

„Граѓаните мора да бидат заштитени од вечните хемикалии“, рече Тимерманс, кој ја напушти функцијата во Брисел и се врати на националната политика во Холандија.

„Мораме да престанеме со секакво фрлање на ова легализирано ѓубре“.

Тестовите на крвта, спроведени од Европската агенција за животна средина (EEB) и „ChemSec“, се дел од кампањата за подигање на свеста предводена од невладината организација, бидејќи ЕУ размислува за потенцијална забрана за хемикалијата.

Европската комисија вети дека постепено ќе ги забрани хемикалиите PFAS поради нивното влијание врз животната средина и здравјето, освен во случаи кога ќе се покажат како незаменливи и „неопходни“ за општеството.

Но, предлогот на пет европски земји да ги забранат, предизвика голем отпор кај голем број сектори кои во моментов зависат од нив, со предупредувања дека новите мерки ќе и наштетат на европската конкурентност.

Тоа е долг процес за постепено отстранување на хемикалиите PFAS.

Комисиите на Европската агенција за хемикалии мора прво да го изнесат своето мислење за предлогот за забрана до Комисијата, а за тоа не е дефиниран рок.

реклама

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе