Половина Оклахома прогласена за резерват на Домородните Американци

МИА / КАЈГАНА
/ 10.07.2020 / 14:39

Врховниот суд на САД донесе пресуда дека околу половина од американската сојузна држава Оклахома им припаѓа на Домородните Американци. Случајот вклучуваше, поточно засегна и претходна пресуда за силување на дете.

Според одлуката на Судот, поголем дел од источната половина на Оклахома, заедно со вториот најголем град Тулса, треба да биде признат како резерват.

Џимси МекГирт, осуден за силување во 1997 година, го покрена случајот. Тој за да докаже оти делото се случило на територијата на Домородните Американци, цитираше историски документ што укажува која територија ѝ припаѓа на нацијата Мускоџи.

Тоа значи дека МекГирт има други, можеби поповолни услови за жалба на претходната пресуда, но и поинакви услови за идните судски процеси.

МекГирт го призна делотo и се изјасни за виновен, но според законите што ги опфаќаат Домородните Американци бараше да му суди Федерален суд, кој е единствен надлежен врз териториите на ова старо население.

Оваа одлука на Судот, значи и пониски даноци за Домородните Американци во Оклахома. Во новодефинираниот резерват, тие бројат околу 280.000 лица, т.е. 15 отсто од вкупно 1,8 милиони жители.

Росево: териториите во Оклахома кои се прогласуваат за резерват

Петте племенски заедници од Оклахома, односно Чироки, Чикасау, Чоктау, Семиноле и Мускоџи, ја поздравија одлуката на Судот која всушност е голем чекор напред кон остварување на правата на Домородните Американци чија земја беше освоена од европските колонијалисти.

Осудениот МекГирт е член на племето Семиноле.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе