Есента е идеално време за подготовка на топли и меки печива, а доброто кај ова благо печиво е што можете да го комбинирате со кафе, чај или шолја топло млеко.

Инаку, афионот е одлична храна за намалување на шеќерот во крвта, но и за нашето варење бидејќи е богат со влакна и незаситени масни киселини.
Потребни состојки:
- 600 гр брашно
- 150 гр шеќер
- 10 гр сол
- 1 кесичка сув квасец
- 100 гр путер
- 250 мл топло млеко
- 2 јајца
- 2 лажички цимет
За филот:
- 400 гр мелено семе од афион
- 150 гр шеќер
- 50 гр путер
- 200 мл млеко
- 2 лажици мармалад од кајсии
Подготовка:
Во сад ставете брашно, квасец, шеќер, сол и цимет. Потоа подгответе топло млеко и во него додадете путер. Измешајте ги сувите состојки и додадете го подготвеното млеко и путерот. Додека мешате, додадете ги јајцата, а потоа месете го тестото додека не почнат да се создаваат меурчиња.
Тестото замесете го како топка, покријте го со крпа и оставете го на топло место додека не нарасне дупло. Потоа уште еднаш измесете го и повторно оставете да нараснува. Во меѓувреме подгответе го филот.
Прво истурете млеко во тенџере и додадете путер. Треба да се готви на тивок оган. Во исто време во сад подгответе смеса од афион и шеќер. Прелијте го млекото и стопениот путер врз смесата од афион и шеќер. Потоа додадете го мармаладот од кајсии и мешајте додека не добиете изедначена смеса.
После тоа повторно следи подготовка на тестото. Потребно е уште еднаш да се измеша и да се подели на два еднакви дела. Расукајте го тестото со сукало до дебелина од еден сантиметар и потоа покријте го со филот. Сепак, филот да не го покрива целото тесто. Потребно е да се остават неколку сантиметри без фил.
Тестото внимателно расукајте го од подмачканата кон празната страна. Кога ќе го завршите овој чекор, ставете малку брашно на ножот за да не се лепи филот при сечењето. Ролатот исечете го на прстени широки околу 2 сантиметра. На плехот ставете хартија за печење и наредете ги прстените.
Овие полжавчиња треба да се печат во загреана рерна на 180°C околу 15 минути.