Помпео: Мадуро нема право да ги протера американските дипломати од Венецуела

Вашингтон, 4 јануари 2019 (МИА) – Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека претседателот на Венецуела, Николас Мадуро нема овластување да ги протера американските дипломати, откако лидерот на земјата му порача на Вашингтон дека има 72 часа да организира нивно заминување.

– САД не го признаваат режимот на Мадуро како Влада на Венецуела, изјави Помпео откако САД претходно го признаа Хуан Гуаидо како претседател на Венецуела.

– Соодветно на тоа, САД сметаат дека поранешниот претседател Николас Мадуро нема законско овластување да ги прекине дипломатските односи со САД или да ги прогласи нашите дипломати за персона нон грата, истакна американскиот државен секретар.

Помпео ги предупреди „воените и безбедносните сили на Венецуела“ да не се обидуваат да ги отстранат дипломатите со сила или да реагираат на нивното одбивање да си заминат.

– Ги повикуваме сите страни да се воздржат од мерки кои не се во согласност со привилегиите и имунитетите што ги уживаат членовите на дипломатската заедница. Соединетите Држави ќе преземат соодветни мерки против секој кој ја загрозува безбедноста и сигурноста на нашата мисија и нејзиниот персонал, подвлече тој. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе