Помпео: САД и ЕУ мораат заеднички да ѝ се спротивстават на Кина

МИА
/ 25.06.2020 / 20:28

САД и Европската унија мораат заеднички да ја разберат Кина за да можат да ѝ се спротивстават, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео, нарекувајќи ја Кина закана, па дури и обвинувајќи ја за кражба на европската интелектуална сопственост за развојот на нејзината економија.

Помпео изјави дека го прифатил предлогот на шефот на европската дипломатија Жузеп Борељ, кој месецов предложи создавање официјален американско-европски дијалог за Кина.

Помпео наскоро ќе отпатува за Европа, каде ќе се организира првата сесија од тој дијалог.

– На виделина е трансатлантското будење кон вистината за тоа што се случува, кажа Помпео во видео обраќањето.

– Не станува збор за САД, кои ѝ се спротивставуваат на Кина, туку за светот што се спротивставува на Кина, додаде тој.

Брисел, како и Вашингтон, е загрижен за предаторските трговски пракси на Кина, но ЕУ се обидува да оди по средниот пат меѓу Кина и САД.

Претставниците на ЕУ, најголемиот трговски блок во светот, во понеделникот разговараа со кинеските лидери и на Пекинг гледаат како на партнер во борбата против климатските промени, но и на економски ривал.

Помпео рече дека ЕУ треба да дејствува против Кина, која ја обвини за кражба на европска интелектуална сопственост и кршење на трговските правила, за да се заштитат европските економии, а не да се задоволат  САД.

– Тие имаат пристап до нашите пазари на капитал, каков што ние немаме кај нив, рече Помпео.

 

Ново

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе
  • filter

26 април 1986, експлодирала нуклеарната централа во Чернобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе