Поплавите предизвикаа хаос во Романија, има загинати

Поројните дождови во изминатите 24 часа предизвикаа поплави на 36 локации во 15 области во Романија. Според последните информации, две лица загинале.

Службата за вонредни ситуации денеска соопшти дека спасувачки служби се обидуваат да евакуираат десетици туристи кои се блокирани од надојдената вода.

Погодените области од невремето се Алба, Аргеш, Ботосани, Брашов, Клуж, Караш-Северин-Ковасна, Дамбовита, Хунедоара, Неамт, Олт, Прахова, Сибиу, Тулчеа и Темис, објави Аџерпрес.

– Ја испумпавме водата од 19 куќи, 56 дворови и 70 подруми. Нашите колеги отстранија и 13 дрвја кои паднаа на патиштата и оштетија три автомобили, наведува Службата за вонредни ситуации.

Според истиот извор, 20 лица сместени во хостели во Аргеш се изолирани поради поплавите.

– Во кампот Заноага во областа Дамбовита, поради поплавите во текот на ноќта, 25 лица беа блокирани во автомобили или приколки. Водата се повлече и на луѓето им беше дозволено да ги напуштат локациите. Пожарникарите интервенираа и во Бустени, каде се евакуирани осум лица, соопшти Службата за вонредни ситуации. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе