На официјалната страница на Греми објавена е информација за одложувањето на 64-тото доделување на овие награди, пишува Guardian.
Новиот датум на одржување не е објавен, а организаторите наведуваат дека наскоро ќе биде утврден.
„По внимателно разгледување и анализи со властите, со здравствени и безбедносни експерти, нашите партнери и уметниците, одлучивме да го одложиме шеесет и четвртото доделување на Греми наградите“, стои во соопштението.
Доделувањето требаше да се одржи на 31 јануари, а водител треба да биде Тревор Ноа.