Поради кризата предизвикана од руската инвазија на Украина, многу продавници во Германија се соочуваат со недостиг на масло за јадење, а некои угостители го исфрлија помфритот од менито.
Со оглед на тоа што Украина е производител на сончогледово масло и масло од репка, земја од која Германија ги увезува овие производи, Германците стравуваат дека наскоро ќе мора да се откажат од помфрит.
„Се соочуваме со недостиг на масло за јадење за во фритеза, но и сончогледовото масло стана многу скапо“, изјави за Bild угостителот Фреди Балер од Дармстат, кој го отстрани помфритот од менито.
Балер во јануари плаќал 90 евроценти за литар масло од репка, а денес истото тоа масло чини и до четири евра за литар.
Тоа, вели, е прескапо, а неминовно би било драстично да се покачи цената на помфритот, што би одвратило многу гости.