Поради пандемијата забранети матурските вечери во Албанија

Пандемијата на коронавирусот годинава во Албанија ќе ја прекине и традицијата на одржувањето матурски вечери.

Забраната за нивно одржување ја соопшти министерката за образование Беса Шахини на редовната онлајн комуникација, одговарајќи на прашањето дали ќе има матурски вечери.

- За жал не. Нема да се дозволи одржување матурски вечери. Тоа се празнувања на кои не може да се обезбеди физичка дистанца меѓу учениците, така што годинава тие треба да бидат откажани и треба да најдеме други начини за славење, одговори Шахини.

Претходно, Министертвото за образование соопшти дека учебната 2019/2020 година во Албанија ќе заврши без можност учениците и студентите да се вратат во училишните простории.

Училиштата кои беа затворени на 9 март, повторно ќе се отворат во септември освен за учениците кои треба да полагаат матура.

Денеска Шахини информираше дека училиштата за матуратите ќе се отворат на 18 мај, додавајќи дека сепак не е задолжително нивното враќање во школите.

- Враќањето во училиште не е задолжително. Училишта за матурантите ги отвораме исклучиво затоа што тоа го бараа самите тие, поради консултации со нивните професори пред полагањето на матурскиот испит. Но,доколку сметаат дека може да го полагаат матурскиот испит без оваа консултација, може да останат дома во ова време, да работат индивидуално, но мора да го известат директорот на училиштето пред 11 мај, за да може да се планира обезбедување социјална дистанца за оние кои ќе одат на училиште, објасни Шахини.

За време на полагањето на матурата ќе се дозволува присуство на 10-12 до максимум 15 ученици,за што ќе се користат и објекти на основни училишта.

Наставата од далечина за сите учениците од деветолетките и средните училишта, ќе продолжи до 29 мај кога и завршува учебната година или две недели порано од вообичаено.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Регион

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Read more

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Read more

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Read more

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе