Поранешен лондонски полицаец осуден на доживотен затвор за десетици силувања

Дејвид Карик, еден од најголемите сексуални предатори во поновата британска историја, кој 20 години работел во лондонската полиција, денеска е осуден на доживотен затвор за десетици силувања и сексуална злоупотреба на дванаесет жени.

– Ги искористивте жените на ужасен начин, рече судијката Боби Чима-Граб додека ја читаше пресудата со која заврши случајот што ја влоши кризата на доверба во Скотланд Јард, која ги оглуши на предупредувањата за нивниот вработен. – Се однесуваше како да си недопирлив затоа што си припадник на полицијата, додаде таа.

Во делот за обвинетите, Дејвид Карик (48) со затворени очи и наведната глава го слушаше изрекувањето на пресудата.

Нему му беше судено за најмалку 85 злосторства, вклучително и 48 силувања, кои се случиле помеѓу 2003 и 2020 година. Во тој период, тој беше унапреден во елитната полициска единица во главниот град задолжена за заштита на парламентот и дипломатските претставништва.

„Злосторствата на Дејвид Карик се дамка за нашите полициски сили“, реагираше преку соопштение министерката за внатрешни работи Суела Брејверман, оддавајќи им почит на „храбрите“ жртви на Карик. „Во нашата полиција нема место за такво предаторско и грозоморно однесување“, истакна таа.

Полицијата девет пати пропуштила можност да го уапси овој сериски силувач кој 17 години работел во полиција. Тој на крајот беше уапсен во октомври 2021 година за првиот случај на силување, што ги поттикна и другите жени да го пријават.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Свет

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе