Поранешна ФБИ агентка откри на кои катови е најбезбедно да се резервира хотелска соба

Трејси Волдер, поранешна специјална агентка на ФБИ и офицерка на ЦИА, сподели неколку совети кои ќе ви помогнат да патувате побезбедно. Меѓу другото, таа зборуваше за тоа на кои катови е најбезбедно да се резервира хотелска соба.

Пред да патувате, проверете дали постои закана од тероризам на локацијата на која одите. Таа, исто така, користи апликација која при итен случај ги известува нејзините контакти за тоа каде се наоѓа.

На својот куфер таа става air tag (уред што може да се закачи за разни предмети, како клучеви или ранец, а може лесно да се следи преку апликација), а нејзината 8-годишна ќерка носи и нараквица со уред за следење. Напомена дека никогаш не резервира приватно сместување бидејќи е крајно опасно.

Вели дека по изборот на хотел, секогаш треба да резервирате соба која е помеѓу 3 и 6 кат. Додаде дека овие соби се наоѓаат доволно блиску до излезот доколку е потребно итно да се напушти хотелот, но и дека се доволно далеку од крадци и киднапери кои може да се појават таму.

„Крадците и киднаперите го бираат најлесниот пат, а тоа е секако влегувањето на 1 кат затоа што е најпристапен. Што се однесува до бегство од хотелот, ако сте на 20 или 21 кат ќе биде многу тешко за да излезете“, рече таа за SWNS.

Откако ќе стигне во собата, таа секогаш користи дополнителна безбедносна брава. Објасни дека ги практикува овие заштитни мерки бидејќи се чувствувала небезбедно за време на едно службено патување.

„Јас сум во друга земја и шпионувам луѓе. Морам да претпоставам дека некој можеби знае која сум и се обидува да ми наштети“, рече таа.

реклама

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе