Поранешниот најголем бразилски талент, Габриел Барбоза (27) е суспендиран на 2 години откако падна на допинг тест.
Популарниот Габигол како тинејџер од 2013 до 2016 година го полудуваше Бразил, а најоптимистичките стручњаци му предвидуваа кариера дури и како на Роналдо.
Неговата прва станица во Европа беше Интер, но никогаш не го исполни својот целосен потенцијал. На Стариот континент играше уште само за Бенфика, потоа се врати во Бразил и сега е ѕвезда на Фламенгу.
Сепак, фудбалерот кој настапи 18 пати за бразилската репрезентација сега ќе мора на „ладење“.
Имено, тој во април 2023 година го прекрши протоколот за допинг тестирање. Ги вознемирувал полицајците, отишол на ручек без дозвола, а потоа се вратил со отворен контејнер со урина.
Спортскиот суд на Бразил денеска донесе пресуда со која Габигол го суспендира на 2 години. За казната гласаа пет од деветте судии и таа ќе биде ретроактивна, а Барбоза ќе може да му се врати на фудбалот во април 2025 година.
Барбоза веќе најави дека ќе поднесе жалба на пресудата до Меѓународниот суд за спортска арбитража (ЦАС), кој е единствениот кој може да ја поништи.