Постигнат договор за ковид-пасошите во ЕУ

Европратениците и земјите-членки конечно постигнаа договор по четири часа преговори за дигиталните зелени сертификати кои треба да ги олеснат патувањата во ЕУ летово, јави дописничката на МИА од Брисел.

Информацијата ја потврдија неколку дипломатски извори за медиумите, се очекува да биде официјализирана наскоро.

Европската комисија пред неколку недели предложи зелени сертификати, еден вид пасош кој содржи информации дали лицето е вакцинирано, дали прележало COVID-19 и има антитела или негативен ПЦР тест.

Европскиот Парламент бараше неколку измени за овие документи, како на пример името, но бараше и ПЦР тестовите да бидат бесплатни.

Според првичните информации што пристигнаа Европската комисија се заложила да мобилизира дополнителни 100 милиони тестови за овие сертификати, главно за лицата кои патуваат често, додека земјите-членки на ЕУ се заложиле да спречат дополнителни рестрикции како карантин и изолација, освен ако се пропорционални.

Со усвојувањето на договорот пред крајот на овој месец ковид-пасошите би требало да станат реалност за почетокот на летната сезона и да помогнат да се намали штетата врз туризмот ширум ЕУ. 

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе