Потенцијално сценарио: Како би изгледал нуклеарниот напад на Путин во Украина?

Б.С.Б.
/ 24.09.2022 / 09:59

Заканата на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе употреби нуклеарно оружје во Украина доколку рускиот „територијален интегритет“ биде загрозен предизвика длабоки расправи на Западот за тоа како тој напад би изгледал и каков би бил евентуалниот одговор на западните сили.

„Оние кои се обидуваат да нè уценат со нуклеарно оружје треба да знаат дека ветерот може да се сврти и во нивни правец. Не блефирам“, изјави претходно Путин.

Но, аналитичарите не се сигурни дека рускиот претседател ќе има волја прв да употреби нуклеарно оружје по 1945 година. Аналитичарите сметаат дека Москва веројатно активирала една или повеќе нуклеарни бомби. Станува збор за мало оружје во распон од 0,03 килотони до 100 килотони експлозивна сила, во споредба со 1,2 мегатони на најголемата боева глава или бомба од 58 мегатони која Русија ја тестираше во 1961 година.

Тактичките бомби се дизајнирани да имаат ограничено влијание на бојното поле во споредба со стратешки нуклеарното оружје дизајнирано за борба и победа во „светски“ војни. Но, поимите на „мал“ и „ограничен“ удар се релативни.

Атомската бомба што САД ја фрлија на Хирошима во 1945 година имаше разорен ефект од „само“ 15 килотони. Аналитичарите велат дека руската цел на користење тактички нуклеарни бомби во Украина би бил да ги застраши украинските власти да се предадат или покорат, па да ги поделат западните сојузници, пренесе AFP.

Марк Кенкијан, воен експерт од Меѓународната безбедносна програма CSIS во Вашингтон порача дека Русија веројатно нема да користи нуклеарно оружје на првите линии на фронтот. Истакнува дека заземањето на 232 километри територија би барало 20 мали нуклеарни бомби, мала добивка за огромниот ризик што го носи користењето нуклеарно оружје.

Москва наместо тоа би можела да испрати силна порака и избегне значителни жртви со детонација на нуклеарна бомба над вода или високо над Украина за да произведе електромагнетски пулс.

Но, Путин би можел да се одлучи и за поголемо уништување и смрт, напад на украинска воена база или напад на урбан центар како Киев, предизвикување огромни жртви и можно убивање на политичкото водство на земјата.

„Таквите сценарија веројатно се осмислени за да го раздвојат НАТО сојузот и уништат единството на Западот“, напиша Џон Волфстал, поранешен експерт за нуклеарна политика во Белата куќа.

На Запад не постои консензус како би се одговорило на таквите напади. САД и НАТО не сакаат да покажат слабост пред имплицитна нуклеарна закана. Но, исто така не сакаат да ја избегнат можноста војната во Украина, која не е членка на НАТО, да ескалира во многу поширока, нуклеарна војна.

Експертите велат дека Западот не би имал друг избор освен да одговори и дека одговорот би требало да дојде од НАТО силите, а не од САД.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе