Потпишан меморандум за брза железничка линија Скопје-Ниш-Белград

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Република Србија, Горан Весиќ, денеска во Белград го потпишаа Меморандумот за изградба на железничка мрежа со високи перформанси на Коридор 10.

За Република Северна Македонија ова ќе значи преземање на обврски за реализација на инфраструктурани проекти за изградба на железница со високи перформанси, и тоа во прва фаза на потегот од граничен премин Табановце до Скопје и изградба на нова железничка линија до Меѓународниот аеродром Скопје.

Согласно Меморандумот, тоа подразбира изградба на пруга во должина од околу 50 километри со комерцијална брзина со најмалку 160 километри на час за патнички возови, односно прилагодување на брзината според локалните услови на трасата.

„Земаме обврска за овие проекти да обезбедиме средства од меѓународните финансиски институции да час поскоро започнеме со реализација на оваа регионална иницијатива. Со министерот Весиќ во рок од две недели ќе формираме работна група и таа работна група ќе почне да работи на акционен план со динамика за реализација на овој проект. Коридорот 10 за регионот е најзначајниот европски коридор кој не поврзува со Средна Европа и мораме да ги користиме потенцијалите и придобивките, а инвестициите не само што се потребни, туку се и неопходни за да останме конкуретни на останатите рути во железничкиот и во товарниот транспорт“, изјави министерот Бочварски од Белград.

Претседателот на Владата на Републикава, Димитар Ковачевски, имаше заедничка прес-конференција со претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ, по билатералната средба и потпишувањето меморандум за соработка за воспоставување железничка мрежа со високи перформанси помеѓу нашето Министерство за транспорт и врски и српското Министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура.

„Денеска, во рамките на иницијативата Отворен Балкан, министрите за транспорт и врски бевме сведоци дека се потпиша меморандум за соработка за воспоставување железничка мрежа со високи перформанси. Овој меморандум за соработка се однесува на железничката линија која треба да ги поврзе Атина-Солун-Скопје-Ниш-Белград-Загреб-Љубљана-Салцбург. Секако, со крак кон Будимпешта. Конкретно зборуваме за делницата Скопје-Ниш-Белград и секако за кракот што во Скопје ќе се поврзе со Меѓународниот аеродром Скопје. Се работи за пруга што треба да се изгради во должина од 50-ина километри на територијата на Република Северна Македонија во првата фаза, а интенцијата е, како што кажа и премиерката на Србија, Коридорот 10 комплетно да биде изграден со нова пруга која ќе биде од Скопје до Солун, потоа од Солун до Пиреја и Атина“, рече Ковачевски.

Како што додаде, комерцијалната брзина на оваа пруга ќе биде најмалку 160 км/ч, а Министерството за транспорт и врски на Србија разговара и за зголемување на оваа брзина преку документација што се прави во Србија за патничките возови, што ќе овозможи навистина брз проток на она што на Балканот не сме го имале, а што сме го гледале во земјите од Западна Европа.

„Во следните две недели владите ќе формираат работна група, која ќе изготви план со активности со динамика на реализација на овој проект. И ова е почетна точка, од каде што се планира да почнеме со модернизација на железничкиот систем во државава. Коридорот 10 за нас е важен европски коридор и неговата реконструкција е повеќе од неопходна за да ја одржиме конкурентската позиција во регионот и, генерално, преку брзата пруга да го развиваме целиот регион. Ова е уште една можност во рамките на регионалната инцијатива да овозможиме брз транспорт на стока и услуги не само во земјите во Западен Балкан туку и кон земјите-членки во ЕУ. Со Отворен Балкан сакам да потсетам и на други придобивки што ги направивме, а тоа е преку синхронизирање и признавање соодветни сертификати и друга документација ги подобривме брзината и ефикасноста на транспортот на стоки, а со тоа ја зголемивме и конкурентноста на регионот“, додаде Ковачевски.

Република Северна Македонија во овој момент работи на изградба на пругата на источниот дел на Коридор 8 кон Република Бугарија, инвестиција вредна повеќе од 200 милиони евра, а веќе е завршена реконструкцијата на јужниот дел од Коридорот 10 во должина од 30 километри.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе