Повредени новинари за време на протестите во Белград

Двајца новинари на српската новинска агенција Бета се повредени за време на синоќешниот протест и се пренесени во Ургентниот центар во Белград.

Тие се донесени во Ургентниот центар со брза помош околу 22 часот, поради повреди здобиени за време на протестот што се одржа на платото пред српскиот Парламент.

Владимир Шкундриќ, син на Петар Шкундриќ, поранешен министер за рударство и енергетика и близок соработник на Ивица Дачиќ, беше уапсен синоќа, откако заедно со толпата демонстранти се обидоа да влезат во српскиот Парламент, пренесува Blic.

Шкундриќ беше уапсен заедно со група хулигани кои искршија прозорци на зградата на Собранието. Тој на себе имаше маска и безбол палка, пренесува Blic.

Тој веднаш ѝ кажал на полицијата дека е син на Петар Шкундриќ, кој е висок функционер на Социјалистичката партија на Србија и поранешен советник на Ивица Дачиќ, изјави изворот. 

Илјадници луѓе вчера протестираа во Белград и покрај одлуката на Кризниот штаб за забрана на собири на повеќе од 10 лица на отворено.

Протестот започна мирно, но подоцна стотина агресивни демонстранти се обидоа да влезат во зградата на Собранието.

Демонстрантите фрлаа камења, факели и шишиња кон влезот на Парламентот каде беа распоредени полициски сили.

Полицијата во одговор на нападот употреби солзавец, како и во изминатите три дена додека траат протестите.

Српскиот министер за надворешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека вечерва пред Парламентот се случуваат брутални сцени на насилство и дека полицијата морала да реагира, со цел да го заштити јавниот ред и мир и имотот.

Тој предупреди дека секој кој користи насилство ќе добие одговор од државата. Според него, овие сцени се за осуда и полицијата трпи големо насилство, но реагира правовремено и исправно.

Освен во Белград, вечерва протести се одржаа и во други градови на Србија – Нови Сад, Ваљево, Ниш, Лесковац, Пирот и Врање, поради незадоволството на граѓаните од актуелната политичка и епидемиолошка ситуација во земјата. 

Remote video URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе