Полициските службеници досега регистрирале вкупно 25.498 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 470 прекршоци во изминатото деноноќие.
Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќие извршени се 82 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на Владата.
На територијата на целата држава на вкупно 163 лице им се издадени решенија за изолација, а 6 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 3 лица кои не ги почитувале овие мерки.
„Во оваа прилика уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала“, апелира министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Наќе Чулев.