Пожарот кај Скопска Црна Гора уште e активен, ветрот го носи кон Скопје

Пожарот на Скопска Црна Гора што избувна денеска околу 13 часот сѐ уште е активен. Гори ниска мешана шума на околу 1.400 метри надморска височина. Поради силен ветер пожарот се шири од кумановска кон скопска страна и вечерва е видлив од Скопје.

Противпожарните екипи се на терен, а во текот на денот беше интервенирано и со авиони.

Командант на противпожарна бригада на Град Скопје Владимир Симоновски, за МИА изјави дека акцијата продолжува утре со авијација, бидејќи авионите немаат опрема за ноќно летање.

– Пожарот е активен денеска од 13:15 часот на делот на кумановска страна и сега има ветер што го носи накај Скопје. Гореше ниска мешана шума на околу 1.400 метри надморска височина. Има дежурни екипи во координација со екипи на општина Гази Баба на страна на селата Раштак и Арачиново и се прати пожарот да не дојде до населено место. Авионите беа на располагање до 17:40 часот, изјави за МИА Симоновски.

Пожарот избувна на местото Црн камен, на потегот Липково, Скопска Црна Гора и селото Матејче.  

Уште еден активен шумски пожар над струшко Делогожда

Голема површина ниско стеблеста шума гори на планината Караорман над струшкото село Делогожда.

Територијалната против-пожарна единица, како што информира заменик командирот Ристе Талевски, не може да интервенира поради непристапноста на теренот.

-Теренот е непристапен. Многу е стрмно и високо. Побаравме помош од Дирекцијата за заштита и спасување да ги пушти авионите за дејствуваат од воздух, изјави Талевски за МИА.

Екипи на струшката пожарна дежураат на местото со цел да спречат ширење на огнената стихија кон селото.

Струшките пожарникари денеска интервенирале повеќе од 10 пати од кои седум на шумски пожари, три стрништа и еден објект во Вевчани.

-Апелираме до граѓаните, земјоделците и сточарите да не палат оган на отворено, бидеќи со помош на ветрот и временските услови лесно може да избега од контрола и да предизвика несакани последици . Надлежните институции да ги зачестат контролите и да ги откријат сторителите на овие несакани настани, истакна Талевски.

реклама

Хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе