КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Познат составот на Романија за пресметката со Македонија

Филип Здравески
/ 20.03.2021 / 13:48

Почетокот на мундијалските квалификации за нашата репрезентација се од Букурешт каде в четврток играме со Романија чиј состав сега е исто така познат.

Романската репрезентација се соочува со проблеми поради коронавирусот бидејќи нивниот селектор Мирел Радои е позитивен и нема да може да го води составот в четврток на отворањето против Македонија. Фудбалската федерација на Романија одлучи како заменик-селектор за овој натпревар да биде Николае Дика, кој е всушност еден од двајцата помошници заедно со Флорин Константинович.

Проблеми имаат и со голманската позиција каде по пензионирањето на Чиприан Татарушану нема искусен голман. Згора на тоа, поради кластер во Интер мораше да откаже Андреј Раду, а тројцата повикани имаат вкупно само 3 репрезентативни настапи.

Дополнителен проблем за составот е отсуството на искусниот централен дефанзивец Драгош Григоре, кој е повреден.

Повикани се 24 фудбалери, а четворица се на стенд-бај и ќе влетаат доколку има потреба. Дури деветмина се играчи кои настапуваат во домашната романска лига, а најмногу странци има од Италија.

Флорин Ница - Спарта (Чешка)
Давид Лазар - Астра
Флорин Јакоб - УТА

Василе Могош - Киево (Италија)
Јонуц Неделчеару - АЕК (Грција)
Алин Тошка - Газиантеп (Турција)
Влад Кирикеш - Сасуоло (Италија)
Андреј Бурка - Клуж
Марио Камора - Клуж
Овидиу Попеску - Стеауа
Нукушор Банку - У Крајова

Разван Марин - Каљари (Италија)
Александру Срецу - Марибор (Словенија)
Николае Станчу - Славија (Чешка)
Јанис Хаџи - Ренџерс (Шкотска)
Александру Максим - Газиантеп (Турција)
Ерик Бикфалви - Урал (Русија)
Валентин Михаила - Парма (Италија)
Денис Ман - Парма (Италија)
Флорин Танасе - Стеауа
Флоринел Коман - Стеауа
Александру Чикалдау - У Крајова

Клаудиу Кешеру - Лудогореџ (Бугарија)
Џеорџе Пушкаш - Рединг (Англија)

Натпреварот се игра в четврток со почеток од 20:45 часот (21:45 по локално) на „Арена Национала“ стадионот во Букурешт. Тоа ќе биде одлична можност македонските фудбалери да се запознаат со ова здание со оглед на тоа што и првите два натпревари од претстојното Европско првенство ќе ги играме токму на овој стадион.

Игор Ангеловски македонскиот состав го соопшти во понеделникот.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе