Познат списокот на фудбалери за финалниот бараж со Грузија

Филип Здравески
/ 06.11.2020 / 15:46

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, го објави списокот на повикани играчи за претстојниот решавачки бараж против Грузија, како и последните два натпревара од Лигата на нации.

Фото: ФФМ

Ангеловски на списокот стави 23 играчи од кои дури четворица се голмани. Тоа е бидејќи единицата Димитриевски треба да одлежи суспсензија поради црвен картон на првиот натпревар од Лигата на нации против Естонија, а УЕФА налага да мора да има двајца резервни голмани на клупата. Против Грузија Столе ќе биде на голот бидејќи суспензијата важи само за Лигата на нации.

Како што и изјавуваше селекторот изминативе денови, на списокот се истите фудбалери и нема ниту едно ново име или изненадување. Нормално, назад во тимот е Елмас кој на минатите натпревари не беше во репрезентацијата поради позитивен тест на коронавирусот.

Од минатиот месец изоставени се Ферхан Хасани и Кристијан Тошевски. Оние кои тогаш беа накнадно додадени и сега ќе бидат во комбинација, но само доколку има потреба за што селекторот дополнително ќе извести.

Македонија на 12-ти гостува кај Грузија во „да се биде или не“ натпревар бидејќи победникот ќе избори пласман на ЕУРО. Потоа на 15-ти и 18-ти играме дома со Естонија и условно на гости со Ерменија (на Кипар), два последни натпревари од Лигата на нации.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more
 

Ново

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе