КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Познат списокот на фудбалери за претстојните квалификации

Филип Здравески
/ 25.08.2021 / 12:18

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација го објави својот прв список на повикани играчи за претстојните мундијалски квалификации.

Фото: Петр Стојановски / ФФМ

Откако го наследи селекторското столче ова лето, за Благоја Милевски вистинскиот предизвик почнува сега. На почетокот од септември Македонија ќе одигра три квалификациски натпревари и тоа два дома, против Ерменија на втори и Романија на празникот 8 Септември, како и едно гостување кај Исланд на петти.

По тој повод Милевски објави список од 26 играчи меѓу кои 4 голмани, тројца дебитанти и тројца повратници. Милевски одлучи да го врати во репрезентацијата напаѓачот Адис Јаховиќ кого јавноста го бараше и претходно, но беше во спор со поранешниот слекетор Игор Ангеловски. Повратници се и офанзивното крило Никола Ѓорѓев, како и голманот Дени Илиев. Тројцата дебитанти се стоперот Серафимов, десниот дек Тодороски и напаѓачот Миовски, сите поранешни играчи од У21 репрезентацијата.

На списокот се наоѓа само еден играч кој доаѓа од домашната Прва лига, и тоа голманот на Работнички, Јанков. Милевски на пресот најави дека капитенот на Шкендија, Егзон Бејтулаи, унаку стандарден кај претходниот селектор, е на поширокиот список и во иднина може повторно да добие повик. Шкендија е во доста лоша форма летово и веројатно тоа е причината што ниту еден нејзин играч не е повикан.

Околу повикот на Зајков и Трајковски, кои воопшто немаат натпревари летово, Милевски го оправда со нивното репрезентативно искуство. Пензионирањето на Пандев и Тричковски направи мал вакуум од потребно искуство во националниот тим, особено во нападот каде игра Трајковски.

Адеми и Николов се на списокот, меѓутоа нивниот настап е неизвесен. Адеми има повреда и прашање е колку ќе биде подготвен да игра, додека Николов е во изолација поради коронавирус.

Голмани:
Столе Димитриевски - Рајо Ваљекано (Шпанија)
Дамјан Шишковски - Докса (Кипар)
Дејан Илиев - Серед (Словачка)
Ристо Јанков - Работнички

Одбрана:
Стефан Ристовски - Динамо (Хрватска)
Дарко Велковски - Ријека (Хрватска)
Висар Муслиу - Фехервар (Унгарија)
Кире Ристевски - АЕЛ (Кипар)
Езџан Алиоски - Ал-Ахли (Саудиска Арабија)
Тодор Тодороски - Раднички Ниш (Србија)
Стефан Ашковски - Шепши (Романија)
Ѓоко Зајков - Левски (Бугарија)
Никола Серафимов - Залаегерсег (Унгарија)

Средина:
Елиф Елмас - Наполи (Италија)
Енис Барди - Леванте (Шпанија)
Стефан Спировски - АЕК (Кипар)
Тихомир Костадинов - Ружомберок (Словачка)
Даниел Аврамовски - Кајсериспор (Турција)
Бобан Николов - Шериф (Молдавија)
Аријан Адеми - Динамо (Хрватска)

Напаѓачи:
Адис Јаховиќ - Ѓозтепе (Турција)
Милан Ристовски - Спартак (Словачка)
Бојан Миовски - МТК (Унгарија)
Дарко Чурлинов - Шалке 04 (Германија)
Александар Трајковски - Мајорка (Шпанија)
Никола Ѓорѓев - Грасхоперс (Швајцарија)

Собирот на репрезентативците е на 29 август во Скопје.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе