КУП НА МАКЕДОНИЈА 2020/21

Познати полуфиналистите во фудбалскиот куп

Филип Здравески
/ 25.11.2020 / 15:09

Денеска се одиграа четвртфиналните натпревари кои ги дадоа патниците во полуфиналето од Купот на Македонија.

Даниел Карчески и Антонио Павиќ на денешниот дуел; Фото: ФК Шкендија Тетово

Оваа сезона домашниот куп се игра во еден здив, односно без реванши заради набиениот распоред.

Интересно, од четирите натпревари два се играа во Струмица. Таму, на својот нов стадион Академија Пандев тесно во 2:1 го елиминираше скопски Шкупи уништувајќи му го сонот за пат до финалето. Пандевци поведоа во првиот дел преку Томовски, а во 63. минута гостите израмнија преку гамбискиот голгетер Дарбо. Сепак, само шест минути подоцна „Пандевци“ повторно дојдоа до водство преку Илиев, гол кој се покажа и како победнички.

Стадион „Пандев“ во Струмица
Академија - Пандев - Шкупи 2:1 (1:0)
Стрелци: 36' Горан Томовски, 69' Томислав Илиев - 63' Дембо Дарбо
Судија: Марјан Ецкоски (Охрид)

На вториот натпревар во Струмица се радуваше гостинската екипа. Македонија ЃП поведе шест минути пред полувремето, но Беласица веднаш возврати. Сепак, во вториот дел со три гола „Лавовите“ го решија патникот во полуфиналето.

Стадион „Благој Истатов“ во Струмица
Беласица - Македонија ЃП 1:4 (1:1)
Стрелци: 43' Антонио Каланоски - 39', 77'  Ермедин Адем, 57' Андерсон Барбоза Сантус, 85'  Абдул Халид Басит
Судија: Јован Качевски (Струга)

Мрежите на натпреварот помеѓу Силекс и Шкендија 90 минути мируваа, па полуфиналистот мораше да биде решен со изведување на пенали. Во пенал-рулетот посреќни беа кратовчани чиј голман Горан Трајковски успеа да одбрани два пенала, а неговите колеги четири пати го совладаа Беким Реџепи.

Стадион „Силекс“ во Кратово
Силекс - Шкендија 0:0 (4:2 пен.)
Судија: Марјан Ецкоски (Охрид)

Пеналите:
Денис Ристов (гол) - Еннур Тотре (одбранет)
Срѓан Драшковиќ (одбранет) - Валмир Нафиу (гол)
Кристијан Костовски (гол) - Бесарт Ибраими (одбранет)
Виктор Серафимовски (гол) - Бруно Дита (гол)
Даниел Карчески (гол)

Крај водите на Охридското Езеро со минимални 1:0 Струга го совлада тимот на Ренова. Победничкиот гол стружани го постигнаа од белата точка на почетокот од вториот дел.

Стадион „Градска плажа“ во Струга
Струга - Ренова 1:0 (0:0)
Стрелци: 54' (п) Нијас Лена
Судија: Марјан Гоцевски (Струмица)

Сега следува жрепката за полуфиналето, додека двата натпревара кои ќе ги дадат финалистите се закажани дури за 7 април наредната година.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more
 

Спорт

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе