Познати првите петмина номинирани за Златна топка

Двајца играчи на Реал Мадрид и по еден играч на Манчестер Сити, Ливерпул и ПСЖ се во првата петорка играчи номинирани за престижната Златна топка, која му се доделува на играчот кој се покажал како најдобар во изминатата натпреварувачка сезона.

Единсон Кавани доби потврда за добрата сезона со нова номинација за Златната топка.

До крајот на денот ќе бидат објавени вкупно 30 играчи кои се номинирани за наградата за најдобар фудбалер во светот според France Football, а помеѓу првите пет откриени имиња се најдоа тројца напаѓачи, еден крилен играч и еден голман.

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, ја предводи листата на номинирани играчи, а на него му се придружија уште Герет Бејл, Карим Бензема, Серхио Агуеро и Единсон Кавани. За Алисон ова е прва номинација за оваа награда, која ја заслужи со неговите одлични партии помеѓу стативите на Рома во минатата сезона и Ливерпул во оваа сезона.

Во главната конкуренција за наградата се Лионел Меси, Лука Модриќ, Антоан Гризман, Килијан Мбапе и Кристијано Роналдо, кои беа најдобрите индивидуалци минатата сезона и сигурно ќе бидат помеѓу номинираните.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе