Рики Мартин, Брус Спрингстин, Џон Леџенд и Криси Tajген се само некои од познатите личности кои рекоа дека ќе си заминат од САД доколку Доналд Трамп повторно победи на претседателските избори.
Како што порачаа тие, смачено им е од начинот на кој Трамп ја води нивната земја. Брус Спрингстин изјави дека ќе си замине од САД ако не победи Џо Бајден.
„Ако победи Трамп, ќе се видиме на некое друго место“, порача Брус.
Тој рече дека ќе се пресели во Австралија. Рокерот не крие дека не го сака Трамп, па рече дека во Белата куќа треба да се изврши егзорцизам.
Музичарот Томи Ли исто така изјави дека ќе се пресели во Европа ако победи Трамп. „Се колнам дека ќе се преселам во Велика Британија, или ќе се вратам во Грција и ќе купам куќа на некој од островите“, вели тој.
Бајден го поддржува и Рики Мартин кој исто така вели дека ќе ја напушти земјата доколку победи Доналд Трамп.
Криси Тајген и Џон Леџенд размислуваат да си заминат од Америка. Велат дека се исцрпени од лошата политика на Трамп.
„Тука се родивме и пораснавме, нашето семејство е тука. Ќе ни биде тешко да си заминеме, но што ни преостанува кога имаме лидер кој настојува да ја уништи демократијата“, вели Леџенд.