СЕРИЈА А 2023/2024

Познато колку ќе паузира Дибала откако во солзи го напушти теренот на Сардинија

Филип Здравески
/ 09.10.2023 / 13:30

Аргентинскиот репрезентативец никако не може да кртене глава од повреди. Сега го чека нова пауза, од околу месец дена.

Пауло Дибала синоќа мораше да го напушти теренот во „Унипол Домус“ стадионот во Каљари на 5 минути пред полувремето. Имено, Дибала се судри со домашниот тинејџер Матео Прати, по што остана да лежи на тревата, а Жозе Мурињо веднаш се фати за глава.

Се стравуваше дека го чека нова долга пауза со оглед на тоа што Дибала со солзи во очите го напушти теренот, а на негово место во игра влезе Андреа Белоти, кој потоа постигна и гол.

Среќа што повредата не е толку сериозна бидејќи Аргентинецот ги истегнал лигаментите на левото колено, повреда која бара неиграње околу еден месец, плус-минус.

Тоа значи дека отпаѓа и од репрезентацијата ан Аргентина за претстојните мундиајлски квалификации против Парагвај и Перу. Засега не е повикан друг играч на неговото место.

URL

Инаку, Рома славеше со 4:1 над Каљари откако на двапати постигна по два брзи гола. Прво во 19. и 20. минута отворија Хусем Ауар и Ромелу Лукаку, а потоа во 51. и 59. минута Белоти и Лукаку донесоа водство од 4:0, кое го ублажи Наитан Нандес од белата точка на 3 минути пред регуларните 90 минути.

Remote video URL
реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе