Православните верници го слават Бадник

Православните верници денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.

Бадник традиционално ќе биде одбележан со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Манифестацијата ќе почне со бадниковата химна, што ќе ја исполни „Силви бенд“ и со кревање на бадниковото знаме.

Свештениците од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ ќе ги осветат нафората, чајот и ракијата, како и бадникарските гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално порано ги набраа на падините на Водно, а кои ќе им се делат бесплатно на присутните.

Присутните граѓани ќе ги пречекаат стариот кум Љупче Николовски со преодниот пехар, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, новиот кум Антони Пешев, со погачата со златна паричка и здравичарот Климе Коробар. Потоа тие ќе се упатат во Соборниот храм, каде што ќе се одржи свечен чин на осветување и кршење на погачата од страна на архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, кој ќе одржи традиционална беседа, по што сите заедно ќе дојдат на бината каде што ќе продолжи свеченоста.

Здравичарот ќе ја каже здравицата во име на Одборот за прослава, на присутните ќе им се обратат кумот и скопскиот градоначалник, кој потоа ќе му го врачи ќупот на новиот кум. Кумот и здравичарот ќе си заминат со пајтон.

Во Скопје и во 39 градови во државава денеска се организираат и детски бадникови поворки како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик.

Децата учесници во бадниковите поворки во придружба на своите родители и роднини од 10:30 до 11 часот ќе се соберат на платото пред црквата „Св. Димитриј“ во Скопје. Тие ќе подигнат бесплатни ѕвездички за да учествуваат во формирањето на најголемата бадникова поворка предводена од музичките ѕвезди Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Димитар Андоновски, Стефан („Некст тајм“), Давид Темелков и златните славејчиња.

Во 11:15 часот поворката предводена од македонските музички ѕвезди ќе се упати кон Соборниот храм, каде што годинава ќе се случи и најавеното обединување на Старите скопски бадникари со Бадниковите поворки.

По тој повод, како што најавува Здружението „Бадникови поворки”, во дворот на храмот ќе биде изложено најголемото бадниково колаче високо дури три метри и тешко над 100 килограми, ќе им бидат доделени признанија и подароци на бадникарите со најдолг стаж, а во рамките на божиќниот концерт што го подготвуваат музичките ѕвезди ќе биде промовирана и најново возобновената божиќна песна „Христос се роди денес” во интерпретација на Вера Милошевска – „Љубојна“ и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј”.

Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божик е господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од сè по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Исто така, во огнот се става бадниково гранче, кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за бадниковата вечер, во пресрет на Божик.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе