Пред 20 години не постоеја, а денес не можеме да си го замислиме животот без нив

Додека користиме различни социјални мрежи, апликации и уреди секој ден, не ни помислуваме дека - не толку одамна - тие не ни постоеја.

Со сигурност можеме да кажеме дека тектонските промени кои се случуваат со децении доведоа до технолошки промени во светот.

Пред околу 20 години започна масовното ширење на компјутерите и интернетот. Во тоа време, луѓето најмногу имаа на располагање компјутери со исклучително слаби карактеристики кои можеа да ги користат за извршување на основните задачи. Интересно е што голем број од тие компјутери сè уште имаа прегради за дискети - некои постари генерации знаат за што се работи.

Како што започна ширењето на компјутерите, со тоа доде и развојот на некои нови можности што им беа понудени на корисниците.

Некои од првите апликации кои се појавија на почетокот на 2000-тите, денес паднаа во заборав; тие беа заменети со понови кои се многу поедноставни за употреба. Како и да е, некои апликации активно ја одржуваат својата популарност и застапеност, па и по повеќе од две децении постоење, тие се присутни и во секојдневна употреба станаа задолжителни.

Додека некои од нас го започнуваат денот со слушање музика на YouTube на Apple или Android уред, скролање низ сториња на Instagram, читање пораки на Whatsapp или Viber или проверување на е-поштенското сандаче, целосно игнорирајќи го фактот дека нашите пријатели, познаници, родители - и дури и самите ние - пред 20 години имавме сосема различни секојдневни навики.

URL

Исто така, пред две децении не можевме да разменуваме мислења или да „ретвитаме“ истомисленици на Twitter, танцувањето беше популарно дури и без снимање на TikTok, за ТВ-серии или филмови чекавме одредено време на телевизија бидејќи Netflix не постоеше, и наоѓавме нови места во градот или патот на непозната локација без Google Maps.

Факт е дека новите технологии многу го олеснија животот, во смисла на полесна и побрза комуникација, информации и донекаде образование - но истражувањата покажуваат дека тие создале и бројни бариери.

Сепак, останува прашањето, какви новости нè очекуваат во иднина и каква рекапитулација ќе можеме да направиме во следните 20 години?

URL
Тагови
реклама

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе