Предлог што да зготвите за денешниот ручек.
Потребни состојки:
300 гр. ориз
300 гр. тиквички
1 кромид
500 мл бистра супа од зеленчук
Малку магдонос
Масло
Сол, бибер
Начин на подготовка:
Во подлабока тава пропржете го ситно исечканиот кромид и тиквичките исечкани на коцки, па додајте ½ вода, сол и динстајте 5 минути. По 5 минути додајте го оризот и бистрата супа.
Лесно промешајте, намалете ја температурата и варете додека оризот да ја впие течноста. Посолете го рижотото по вкус и додајте магдонос.