Предупредувачки знаци дека сте во врска со партнер кој може да стане насилен

Ако навреме ги забележите знаците ќе можете да ја процените ситуацијата и да излезете од врската што ќе биде штетна за вас.

Зошто жените остануваат со мажи кои се насилни е едно од најчесто поставуваните прашања, но нема само еден одговор, туку повеќе, и сите се сложени. Останувањето во насилна врска најчесто е резултат на повеќе фактори што довеле до таа ситуација.

Затоа, подобро е да се постави прашањето „Како да препознаете дека партнерот со кој сте во врска би можело да стане насилен?“ и на тој начин да се спречи стигнувањето до најстрашната фаза - насилство - а потоа и заминување од насилната врска.

Ова се раните знаци што укажуваат на потенцијално насилен партнер:

Претерана потреба за контрола

На почетокот тоа може да се доживува како љубов и внимание, но претераната потреба за контрола врз вашиот живот за кратко време станува јасен проблем, ако сте подготвени да се соочите со него. Мажот кој постојано бара да „рапортирате“ каде сте, со кого и кога сте се вратиле дома, а наедно има потреба да ви забранува да правите одредени работи или да се гледате со одредени луѓе (дури и членови на семејството) не е заљубен маж, тој е контрол фрик кој не може да поднесе вие да имате контрола врз својот живот.

Постојано омаловажување

Може да почне како симпатично „задевање“, но ако со тек на време се претвори во редовно и сериозно набројување и нагласување на вашите „недостатоци“, јавно или приватно, си имате работа со човек кој психички ве малтретира и со тоа ви ја поткопува самодовербата. Откако ќе ве „скрши“ психички, најчесто следи физичкото насилство.

Екстремна љубомора

Љубомората може да биде симпатична и слатка, но и прв знак за сериозен проблем. Ако „фраерот“ е љубоморен на луѓето со кои се гледаш и начинот на кој се облекуваш, станува посесивен и те ограничува, нештата може да се влошат брзо ако одбиеш да играш по неговите правила.

Изолирање

Класичен начин на кој злоставувачите ја „обработуваат“ својата жртва – ќе ве убеди дека вие сте проблемот, дека сите околу се поинакви од тоа како ги доживувате и дека треба да се засрамите од своето однесување. Сите претходни точки водат кон ова – целосно изолирање од вашиот живот, семејството, кругот на пријатели, кршење на самодовербата и создавање на чувство дека не можете да живеете без него.

Поставување услови

Правењето компромиси е знак на здрава врска, но воопшто не е добро ако компромисот е сведен на тоа само вие да ја прифаќате желбата на партнерот, без да се грижите за своите потреби, додека тој никогаш не отстапува од неговите ставови. Човекот кој ги поставува сите услови во врската не е партнер, туку деспот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Љубов и секс

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе