Предупредувачки знаци на кои треба да обрнете внимание кога ги запознавате неговите родители

Запознавањето  со родителите на партнерот е непријатно само по себе. И додека сме сигурни дека сакате да ги импресионирате, стручњаците велат дека ова е добар момент да дознаете повеќе за него.

Начинот на кој што тој комуницира со членовите на неговото семејство и начинот на кој што неговото семејство комуницира со вас, може да ви даде важни информации за тоа каква иднина ве чека како пар.

Ова е одличен начин за да видите дали остојат било какви црвени знаменца на кои би требало да внимавате. Еве на што точно мислиме.

Викаат едни на други

Од своите родители учиме како да комуницираме со другите и имаме тенденција да ги прифатиме сличните начини на комуницирање. Викањето не е начин на кој би сакале тој да комуницира со вас кога ќе се појават проблеми.

Немаат граници

Непостоењето на граници може да биде проблематично за паровите, затоа што неговото семејство може да се меша во вашите одлуки како пар. 

Нивните шеги се сурови

Доколку шегите и хуморот често ја преминуваат границата на добриот вкус, ова би можело да укажува на нездрава динамика во комуникацијата. Посебно црвено знаменце е доколку неговото семејство повторува навреди. Доколку некој се пошегува еднаш на негова сметка, тоа не е проблем. Но, доколку шегата се повторува, а почнуваат да ја повторуваат и останатите членови, тоа дефинитивно е проблем, бидејќи тоа дефинитивно ќе влијае на неговата самодоверба, но и на перцепцијата дека такви шеги се сосема нормални.

Го критикуваат пред вас

Со тек на времето, и тој ќе почне да ги критикува другите пред вас,а  подоцна доаѓате и вие на ред. Во секој случај, з атакви работи е битно да разговарате што порано, за да се постават јасни граници.

Не ви е пријатно со нив

Обрнете внимание и на сопствените реакции на неговото семејство. Чувството на непријатност всушност може да укажува на некои проблеми во односот, кои не се толку очигледни на прв поглед.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе