УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2020/21

Преглед на 2. коло ден 1 од Лигата на нации

Висока победа на Шпанија, Германија се лизна кај Швајцарија, Русија со голема победа кај Унгарија. Велс во 90+ се изваде со Бугарија, Грција триумфираше кај Косово, а дербито на дното го доби Фарски Острови против Андора.

Лига А

Група 4

„Црвената фурија“ ја преслуша Украина на Андриј Шевченко и ја испрати дома со полна мрежа. Уште во 3. минута резултатот беше отворен и тоа од белата точка откако Серхиј Кривцов го собори Ансу Фати во шетнаесетникот, а капитенот Серхио Рамос за малку го совлада Андриј Пјатов. Потоа Рамос постигна уште еден гол, на 3:0 зголеми Ансу Фати и стана најмлад стрелец во историјата на Шпанија, а печат на шест минути пред крајот стави новото засилување на Манчестер Сити, Феран Торес.

Шпанија - Украина 4:0
3' (пен), 29' Серхио Рамос, 32' Ансу Фати, 84' Феран Торес

Второ реми за Германците кои овој пат гостуваа во Швајцарија и повторно водеа, но на крајот не го задржаа водството.

Швајцарија - Германија 1:1
58' Силван Видмер - 14' Илкај Ѓундоан

Табела:

  1. Шпанија 4 5:1
  2. Украина 3 2:5
  3. Германија 2 2:2
  4. Швајцарија 1 2:3
Лига Б

Група 4

Иако важеше за фаворит, Велс со Гарет Бејл во тимот се мачеше против Бугарија. Кога сите помислија дека бодовите се веќе поделени, длабоко во судиското надополнување Неко Вилијамс по една нафрлување од Џонатан Вилијамс со глава ја затресе мрежата на Георги Георгиев.

Велс - Бугарија 1:0
90'+4 Неко Вилијамс

Финска ја изненади Ирска среде Даблин совладувајќи ја со минимални 0:1. Роберт Тејлор одлично го проигра Фредрик Јенсен на втора статива за победничкиот погодок во средината на вториот дел.

Ирска - Финска 0:1
64' Фредрик Јенсен

Табела:

  1. Велс 6 2:0
  2. Финска 3 1:1
  3. Ирска 1 1:2
  4. Бугарија 1 1:2

Група 3

Голема победа за „Зборнајата“ на незгодното гостување кај Унгарија. Русите поведоа и со 0:3 пред да се опуштат во последните половина час дозволувајќи им на Унгарците со два гола да го направат финишот интересен.

Унгарија - Русија 2:3
62' Роланд Шалаи, 70' Немања Николич - 15' Антон Миранчук, 34' Магомед Оздојев, 46' Марио Фернандес

Второ реми за Србија, а прв бод за Турција. Од 49. минута Србите играа со играч помалку поради вториот жолт картон на Александар Коларов, но Турците не ја искористија играчката надмоќ за да слават во Белград.

Србија - Турција 0:0

Табела:

  1. Русија 6 6:3
  2. Унгарија 3 3:3
  3. Турција 1 0:1
  4. Србија 1 1:3
Лига Ц

Група 3

Словенците едвај го скршија отпорот на Молдавија и тоа со гол по една одбиена топка. Важеа за фаворит кој би требало да слави убедлива победа, но на крајот мораа да се задоволат со само еден гол во гостинската мрежа.

Словенија - Молдавија 1:0
28' Дамјан Бохар

Грција со гол уште во 2. минута го најави триумфот на гостувањето во Приштина кај Косово. Токму Косово е нареден противник на Македонија во баражот за пласман на ЕУРО кој ќе се игра на 8 октомври. Косово во тој натпревар влегува после овој пораз и ремито со Молдавија.

Косово - Грција 1:2
82' Бернард Бериша - 2' Димитриос Лимниос, 51' Димитриос Сиовас

Табела:

  1. Грција 4 2:1
  2. Словенија 4 1:0
  3. Косово 1 2:3
  4. Молдавија 1 1:2
Лига Д

Група 1

Мајсторски гол со пета им донесе победа на Фарските Острови на тешкото гостување кај Андора. Во стил на голем мајстор, Клеминт Олсен постигна гол а ла Златан Ибрахимовиќ за нова победа на неговата репрезентација која сега е лидер во групата со максимален скор, две победи од два натпревара.

Андора - Фарски Острови 0:1
31' Клеминт Олсен

Малта и Латвија ги поделија бодовите во натпревар во кој Малтежаните ги постигнаа двата гола, по еден во секој гол.

Малта - Латвија 1:1
15' Киријан Нуоко - 25' (аг) Метју Гијомјер

Табела:

  1. Фарски Острови 6 4:2
  2. Латвија 2 1:1
  3. Малта 1 3:4
  4. Андора 1 0:1
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе