Преговорите со Северна Македонија сѐ уште не се на дневен ред на ЕУ

Брисел, 19 февруари 2021 (МИА) – Португалското претседателство треба да го одржи вториот министерски состанок за општи работи идната недела, но проширувањето и преговорите со Северна Македонија и натаму не се на дневен ред, јавува дописничката на МИА од Брисел.

На 23 февруари ќе се одржи вториот состанок на министрите за европски прашања откако земјите членки во ЕУ за прв пат не усвоија никакви заклучоци за западниот Балкан, а Северна Македонија беше блокирана од страна на Бугарија за почетокот на преговорите поради билатералниот спор.

-Ни на овој состанок нема да биде прашањето на дневен ред, немаме коментар за ова во моментов, работиме на овие прашања, но, нема да бидат дел од дискусиите, изјави висок дипломатски извор од Брисел за МИА.

Во декември минатата година по макотрпни преговори помеѓу земјите членки на ЕУ, Чешка и Словачка одлучија да ги блокираат заклучоците за проширувањето поради инсистирањето на Софија да се вметне реченица поврзана за “погрешното толкување на историјата“. Претходно Софија ја блокираше и преговарачката рамка за Северна Македонија.

Ова беше првпат во историјата да нема никакви заклучоци за западен Балкан на декемвриски самит на ЕУ.

Од тогаш темата не е вратена на дневен ред. Според некои дипломати во Брисел се чека на подобра атмосфера во Бугарија после изборите како и на напредокот помеѓу Скопје и Софија во нивните билатерални односи.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе