Прекинат тренингот на шпанската репрезентација: Пике, оди си!

Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике, кој отворено ја поддржува независноста на Каталонија, со свирежи беше пречекан на тренингот на шпанската репрезентација во Мадрид.

Шпанските репрезентативци се подготвуваат за последните две квалификациски средби против Албанија и Израел, а главна мета на фановите е дефанзивецот на Барселона, Пике, кој гласаше на референдумот за независноста на Каталонија и кој потоа го критикуваше полициското насилство над гласачите.

Навивачите на Шпанија на тренингот му порачаа на Пике да си оди од репрезентацијата.

Обезбедувањето му наредило на еден навивач да го тргне транспарентот на кој пишувало: „Пике, ти си болен“.

Истиот навивач потоа продолжил да зборува: „Пике не заслужува да биде во составот на Шпанија. Јас само го зборувам она што го мислам. Пике е одвратен и не требаше да дојде“, рекол навивачот.

Потоа дел од навивачите кои присуствувале на тренингот извикувале: „Слобода на изразувањето“ и „Оди си“.

Бидејќи навредите кон Пике продолжиле, шпанскиот селекторот го прекинал тренингот по само 23 минути.

„Горд сум на народот на Каталонија. Ова е најлошото искуство кое сум го доживеал. Она што се случи го виде целиот свет“, рече Пике по гласањето во неделата.

Дефанзивецот на Барселона порача дека е подготвен да ја напушти репрезентацијата доколку тоа од него го побара селекторот или Фудбалскиот сојуз на Шпанија.

Пике за Шпанија има одиграно 91 натпревар, а беше дел од тимот кој го освои Светското првенство во 2010 година и Европското првенство во 2012 година. Претходно најави дека по Мундијалот во Русија ќе се повлече од националниот тим. 

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Фудбал

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more
 

Спорт

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе