Прељубниците имаат навики кои ги издаваат: Дали сте ги забележале?

Имате некое непријатно чувство или ве гризе „црвот на сомнежот“ кој не ви дава да спиете навечер и од кој ви се превртува во стомакот? Се плашите дека партнерот ве изневерува?

Ако не сте склони кон параноични мисли, или барем не сте биле во минатото, за жал можно е да сте му во трага на „сторителот“, велат експертите.

Човечката интуиција е чудесен феномен што во повеќето случаи се покажува како точен. Ако немате проблеми со љубомора и ниска самодоверба и одеднаш се чувствувате несигурни во врската, веројатно така се чувствувате со причина, вели љубовниот терапевт и експерт за невербална комуникација Џуди Џејмс.

„Ако мислите дека ве изневерува, најверојатно го прави тоа. Зошто? Па, вашиот брилијантен мозок секогаш ќе разбере голем број изговорени зборови, индиции и навестувања што се толку суптилни што ќе ‘почувствувате’ дека нешто не е во ред пред да сфатите некои тешки факти“, објаснува Џуди.

Синдром на паун

Џејмс го наведува ова како скоро најсигурен знак за неверство на мажот. Ако вашиот партнер започне да поминува многу повеќе време пред огледалото, одеднаш внимава како се храни, не прескокнува да стави парфем или да се избричи, купува нова гардероба - и генерално посветува поголемо внимание на неговиот изглед, веројатно има некоја нова симпатија околу него пред која сака да остави најдобар впечаток.

Невообичаена мимика

Новите врски вклучуваат и интензивна „мимика“, особено ако тој е заљубен/затрескан во таа личност, што значи дека ќе „собере“ нови гестови, изрази, па дури и зборови. Исто така ќе почне да го копира нејзиниот начин на зборување, па дури и вкусот за музика и стил.

Промени во сексот и избегнување предигра

Ако вашиот партнер одеднаш е подготвен за активности што претходно не сте ги практикувале и има невообичаени сексуални барања, можно е да пронашол инспирација во сексот со некој друг. Заблуда е дека измамниците веќе немаат секс „дома“, бидејќи нивното либидо е всушност зајакнато. Но, почесто тој ќе ја прескокне предиграта и ќе се препушти директно на пенетрација, без да разменува нежности со вас.

Ненадеен бес

Од прељубниците не треба секогаш да се очекуваат знаци како чувство на вина. За егото е многу полесно каењето да се претвори во лутина, обидувајќи се вината за невертсвото да ја префрли на вас. Рафалните напади и кавги се вообичаено однесување на прељубниците, немоќни да се справат со своите чувства и постапки. Исто така, лесно ќе почнуваат расправии за да се почувствувате и вие виновни за нешто.

Телефонофобија

Смартфонот е клучна алатка за измами што ќе го направи суперчувствителен, буден и внимателен секогаш кога некој ќе му пријде, особено вие. Редовно проверување на нотификациите, постојано пишување пораки, грабање ако го земете вие неговиот телефон в рака, како и излегување од собата за да разговара, се вообичаени симптоми на афера.

Ако оди во друга просторија на секој звук од неговиот мобилен телефон, тој не сака да одговара на повиците бидејќи наводно повторно му се јавуваат од работа или ако секогаш го носи својот мобилен телефон со себе, а тоа не го правел порано, имате причина да се грижите.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Љубов и секс

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе